Нашето тело е совршен механизам во кој многу процеси се случуваат истовремено. Некои знаци, ако ги игнорираме, може да резултираат со големи здравствени проблеми.
Организмот никогаш не развива здравствен проблем одеднаш, туку испраќа знаци и месеци претходно. Проблемот настанува ако не ги прифатиме тие знаци сериозно и ако не реагираме.
-Несоница и грчеви во нозете
Комбинацијата од овие симптоми е знак дека на вашето тело му е потребен магнезиум и калиум за нормално извршување на метаболитичките функции. Како би го надохнадиле губитокот, променете ја исхраната, односно конзумирајте банани, домати, спанаќ и портокали, а ако и тоа не е доволно, тогаш купете магнезиум од аптека.
– Сува кожа
Овој знак, особено ако трае подолг период и не е поврзан со надворешни фактори како промена на козметички средства… може да биде сигнал на недостаток на витамин Е. Обидете се да го надохнадите со внесување на повеќе овошје, јаткасти плодови и риба. Исто така, избегнувајте кафе и алкохол.
– Постојана желба за благо
Секој повремено сака чоколадо, но ако желбата за благо е секојдневна, чести знаци се исцрпеност, стрес па и депресија. Вашето тело бара глукоза, но обидете се да ја внесите преку мед и темно чоколадо.
– Грчко стапало
Уште се нарекува и “Мортонов прст”, а ја означува состојбата во која вториот прст е подолг од палецот и може да биде причина за болки и отекување на стапалото. Поради тоа обувките се неудобни за носење, а прстите се склони на искривување. Треба да се посвети поголемо внимание на стапалата и да се одбираат ортопедски обувки.