Гимназијата “Јосип Броз-Тито” го доби престижниот МЕЃУНАРОДЕН БРЕНД LABEL FRANCE EDUCATION (ФОТО)

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, доби значајно меѓународно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи.

Признанието доаѓа во година кога Гимназијата одбележува дваесет години од создавањето на француско-македонските двојазични паралелки.

Во рамките на јубилејот, амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф ле Риголер, го додели признанието на свечената церемонија, која се одржа во офицерскиот дом, со што училиштето официјално е носител на угледниот бренд Label France Education. Ова високо признание се доделува на образовни институции ширум светот, кои што демонстрираат висок квалитет во развојот и спроведувањето на франкофонската двојазична настава.

На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кому во знак на признание му беше доделена благодарница за континуираната поддршка во реализацијата на наставата и унапредувањето на образовните програми во училиштето.

Свеченоста се одржа во Офицерскиот дом во Битола, каде беше презентирано дведецениското искуство, резултатите и континуираниот напредок во интеграцијата на францускиот јазик во наставниот процес на гимназијата. Настанот беше збогатен со присуството на почесната конзулка на Франција, бројни претставници од образованието, културата, јавниот и политичкиот живот во градот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.