Снежана Спиркоска е именувана за нов директор на Гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Весна Михаиловска.
Спиркоска е професор по биологија и пред неа е предизвик да раководи со најуспешното средно училиште во Прилеп.
На досегашната директорка Весна Михаиловска и’ се заблагодаруваме за досегашната успешна соработка, и се надеваме дека истата ќе продолжи и со новиот раководител на училиштето.