Учениците од гимназијата Мирче Ацев и оваа година победнички се вратија од државното првенство по скијање, со освоени 4 медаљи.
Натпреварувањата беа на мавровските скијачки терени на 26.03.2016 год.
Нашата Гимназија ја претставуваа 12 натпреварувачи предводени од професорот по спорт Даниел Василески.
Од нив:
– Теодора Георгиеска освои второ место
– Ане Георгиеска освои трето место
– Александар Спиркоски освои второ место
– Андреј Манчески освои трето место
За натпреварот рекоја:
Теодора и Ане Георгиески:” Отсекогаш сакавме да спортуваме, скијањето се вбројува во најомилените спортови. Оваа година учествувавме на државното првенство. За тоа се спремавме подолг временски период, најпрвин со тренинзи во сала а потоа и во Маврово. Разликата со прво место беше само една стотинка”.
Александар Спиркоски: “Го освоив второто место, лани бев трет. Скијам од мали нозе со мојот татко. Со нетрпение го очекував натпреварот. За државното првенство се подготвувавме и трениравме во сала и на скијачките центри со проф по спорт Даниел Василески. Задоволен сум од постигннатиот успех”.
Андреј Манчески: “Го сакам скијањето, скијам од 3 годишна возраст и оваа година очекував да земам медал. Ова е трета година како се натпреварувам и прв медал за мене”.