По одржувањето на Општинското екипно првенство на основните училишта во Прилеп, на 03.12. во Гимназијата “Мирче Ацев” се одигра и екипното првенство за средните училишта во ШАХ.
Учествуваа четири средни општински училишта со своите најквалитетни јуниори. Екипите беа составени од пет играчи, од кои една мораше да биде девојка.
Респект за сите, но сепак еден мораше да победи, а тоа беа домаќините од гимназијата “Мирче Ацев”, кои извојуваа победи во сите мечеви.
Второто место го освои СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, додека трето место освоија учениците од СОУ “Ѓорче Петров”. Првенството помина во одлична атмосфера и дружење на средношколците од Прилеп, со желби за почести настани. Организатори беа Сојузот на училишен спорт и шаховскиот клуб Прилеп.
































