Прилепските гимназијалци повторно ја посетија Македонската опера и балет. Овојпат имаа можност да ја проследат операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Операта со комично либрето, прекрасна сценографија, костимографија и професионална изведба предизвика посебен интерес кај учениците.