Гимназијалките од “Mирче Ацев” најдобри по хемија

HemijaGim

На 18.03.2017(сабота) во СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп се одржа Општинскиот натпревар по хемија на кој учество зедоа и  гимназијалките од гимназијата “Мирче Ацев”: Јана Аџиоска, Елена Ангелеска, Ивана Дукоска, Михаела Павлеска, Натали Ристеска и Ана Петреска, под менторство на професорката Христина Манческа.

Со резултатите од натпреварот, гимназијалките уште еднаш докажаа дека имаат одлични знаења од хемијата.

Резултатите се следните:

  • Ивана Дукоска – освоии I место
  • Михаела Павлеска – освои II место
  • Јана Аџиоска – освои III место

Со високите постигнати резултати овие ученички се здобија со правото за учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 22 Април 2017год.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.