На огромно задоволство на околу 200 навивачи од навивачката група Мајмуни, кои присуствуваат на арената “Филип Втори” каде во тек е мечот од 12-то коло помеѓу Вардар и Победа, Благојче Гешоски во 25-та минута постигна погодок и донесе водство за прилепскиот состав,
Натпреварот е во тек, а голот на Гешоски ги замолкна повеќебројните Комити кои својот револт од примениот погодок го изразија со запалени бакли, кои ги фрлаа на атлетската стаза од теренот.
Победа е рамноправен противник и одлично до сега се спротивставува на шампионот Вардар.