Ресторанот “ОСКАР” и пекарата “Александар” од Битола, во периодот од 16.12.2022 г. до 16.01.2023 г, секој ден, освен неработни денови ќе дава по 50 тополи оброци (пилешко,свинско и тестенини) за сите, кои имаат потешкотии да го обезбедат – гест кој треба да служи за пример за секој еден газда во периодот на празниците.
-Ручекот ќе се служи во 14 ч, кај Јавор, секој ден,освен неаработни денови, во горенаведениот период. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ, сакани, наши сограѓани. БОГ СО СИТЕ НАС И ЗА МНОГУ ГОДИНИ – стои во објавата на социјалните мрежи од познатиот битолски ресторан.