Прекрасен гест на Холаѓаните го означи почетокот на натпреварот на “Јохан Кројф” арената во Амстердам
Пред почетокот на последниот натпревар за Македонија на Европското првенство, капитенот на Холандија Џини Вајналдум, му додели дрес од холандската репрезентација на Горан Пандев со бројот 122 (бројот на настапи на нашиот капитен за фудбалската репрезентација на Македонија).
Горан Пандев вечерва го игра последниот натпревар за Македонија, а Холаѓаните на вистински начин му оддадоа почит на нашиот најдобар фудбалер на сите времиња.