Колку “сочно”? Знае некој? Ова го напиша Бранко Героски по веста дека Фатиме Фетаи ја опцула Катица Јанева и дури почнала да плаче откако таа вчера наредила сите да се претресуваат на влез и излез од СЈО.
Фатиме вчера истакна дека таа е обвинителка, а не обвинета за да биде претресувана.
-Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување. На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти дека не можам да влезам без да бидат извршени проверки во мојата ташна. Тој се повика на наредба која денеска била дадена од шефицата Катица Јанева , кажа Фетаи за Тв24.