Новинарот Бранко Геровски на својот Фејсбук статус напиша дека време е обвинението против поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски да се повлече.
“Гледам, слушам и се чудам до кога обвинитело ќе се измачува да докаже кривично дело таму каде што нема… Никој не може да докаже дека Трајко Вељаноски на 27 април сторил кривично дело. Зошто? Многу едноставно, зашто не сторил. Она што се случи на 27 април беше грдо, срам за Македонија. Но, една грда работа не се оправа со друга грда работа. Време е онвинението против Вељаноски да се повлече”, напиша Геровски на Фејсбук, после денешното сведочење во Kpивичниот cyд на поранешниот пратеник Зекирија Ибраими.