Героски: “Вечерва во 21 часот на Плусинфо- Кои се петте луѓе блиски до Заев кои менаџирале со peкетот”

“ВЕЧЕРВА ВО 21.00 НА ПЛУСИНФО

КОИ СЕ ПЕТТЕ ЛУЃЕ БЛИСКИ НА ЗАЕВ КОИШТО ЈА МЕНАЏИРАЛЕ АФЕРАТА „PEKЕТ“ ОД ВТОР ПЛАН? КОЈ ГО СОБИРАЛ КАЈМАКОТ? СЕ ЗНАЕ ЛИ КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?

Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Peкет“ на најблиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Peкет“ е само врвот од ледениот брег”, напиша новинарот Героски на неговиот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.