“Најновите економски податоци даваат надеж дека германската економија може да се врати на нивото на кое беше пред почетокот на кopoнаkpизата. Тоа би можело да се случи најрано до почетокот на 2022 година”, изјави министерот за финансии Олаф Шолц.
Растот на нивото на државниот долг не е проблем, бидејќи земјата може да се справи со тоа благодарение на “добриот раст”, вели Шолц.
Државната поддршка вештачки ги одржува компаниите кои имаа финансиски потешкотии и пред kpизата, но за разлика од Македонија, Германија нема да ги остави да пропаднат.
Владата на Германија, меѓу другото, на компаниите им овозможува да го одложат стечајот до крајот на годината. До сега, рокот беше до крајот на септември.