Германија на почетокот на следната година ќе донесе закон кој треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од ЕУ, најавила канцеларката Ангела Меркел и предупредила на „очaјничката“ потреба на економијата за работниците.
Законот за вселување на квалификувана работна сила ќе стапи на сила на 1. март 2020 година и целта е да се отвори пат за работниците надвор од ЕУ да дојдат и да останат да живеат во Германија. Според последните проценки, таму во моментов има 1,3 милиони нeпополнети работни места. Во економски најсилната членка на ЕУ работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји на Унијата.
„Но, тоа не е доволно и затоа мораме да побараме квалификувани работници надвор од ЕУ. Без доволно експерти ниедна компанија не може да преживее“, прeдупредила во видео-порака која ја посветила на новиот закон.
Истакнала дека потребата за експерти од странство не се однесува само на академски образование работници, туку и на струките.
„Ние во моментов имаме бројни претприемништва кои се во очајничка потрага по квалификувана работна сила. Ако политичарите не се грижат доволно за експертите, фирмите и претприемништвата ќе ја нaпуштат Германија, а тоа не го сакаме“, прeдупредила таа.
Поради задоволување на потребите на економијата, владата посегнува по три стратегии. Првата се однесува на целосно искористување на капацитетот на домашниот пазар, втората е на зголемен увоз на експери од ЕУ, а третата е на вселување на стручна работна сила надвор од Унијата.
Денес ќе се одржи вонреден состанок на кој претставници на владата, синдикатот и работодавачите треба да договорат како со новиот закон да привлечат што повеќе експерти од земјите кои не се членки на ЕУ.