Националната академија на науките во Германија предложи државата да ги олабави мерките преземени против пандемиjaта од кopoнавиpycoт и тоа да го започне со отворање на училиштата, продавниците и рестораните.
Академијата препорача основните и средните училишта да се отворат што е можно поскоро. Денес за ова ќе има и телефонска конференција меѓу Ангела Меркел и покраинските премиери.
Укинувањето на ограничувањата исто така ќе бара значително зголемување на тестирањето, бидејќи повеќето тестови на вирусот COVID-19 во Германија се прават само на лица кои имаат симптоми.
Неколку европски земји веќе започнаа со релаксирање на мерките.
Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом претходно упати порака до европските земји кои најавија укинување на мерките за превенција од коронавирусот, досегашните рестрикции да ги намалуваат полека и контролирано.