На сопственикот на пекарницата во Берлин инспекцијата му одредила kaзна од 25 000 евра.
Kaзната од 25 000 евра му била изречена зашто на производите, наместо кг. , било напишано КГ. Инспекторите утврдиле дека единиците за мерка се пишуваат со мали, а не со големи букви.
Од Националното биро за мерење во Берлин-Бранденбург ја забележале таблата за време на рутинската проверка. Нивните инспектори го пријавиле случајот, на што сопственикот Карстен Грев мислел дека е шега.
Проблемот е во тоа што таблата е напишана со големи букви, а тоа може да ги иритира клиентите. Во образложението се наведува дека тие се во заблуда затоа што може да ги заменат овие информации за мерните единици на Келвин и Гаус.
Грев смета дека инспекторите се во право, но вели дека можеле само да го предупредат.
-Кој купувач би помислил да продава нешто друго освен леб и теста тука? Имам само мала продавница за леб“, вели Грев, кој веќе ја поправил грешката.
Извор: “Pressingtv.mk”