Германија го доби првиот градоначалник Турчин на голем град, кандидатот кој го поддржа Меркел поразен

Гласачите во Хановер по прв пат во историјата на градот избраа политичар од турско потекло за градоначалник.

Белит Онај, 38-годишен пратеник од партијата на Зелените, вчера на изборите освои речиси 53% од гласовите, победувајќи го својот ривач Екхард Шулц, независен кандидат кој го поддржа Христијанско-демократската унија (ЦДУ), пренесува “Анадолија”.

Toj стана првиот турски политичар кој доби функција градоначалник во некој голем германски град.

За време на својата предизборна кампања вети дека Хановер ќе го претвори во еколошки град во кој ќе се грижи за животната средина и климатските промени. Вети борба за поголема достапност на социјални станови и подобрување на социјалната кохезија.

Онај е еден од најпопуларните млади политичари во Германија, кој ужива голема поддршка од гласачите со имиграциско потекло.

Во Германија живее бројна турска заедница од речиси 3 милиони луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.