Германија ги “затвора вратите” за работниците од Балканот?

Германските власти ќе го разгледаат продолжувањето на таканареченото “балканско правило” за доведување на нискоквалификувана работна сила од Западен Балкан, но пандемиjaта предизвика конфликт во владеачката коалиција, пишува порталот “vestinet.rs”.

Можноста за доведување на работна сила од Западен Балкан ќе биде ограничена оваа година, а беше планирано да се продолжи со тоа. Ова правило е оспорено од некои политичари од редовите на ЦДУ/ЦСУ, пишува германскиот јавен сервис ЗДФ.

Некои политичари од владеачката коалиција и се спротивствија на канцеларката и ја прашаа дали Германија може да продолжи да прифаќа десетици илјади нискоквалификувани работници од Западен Балкан.

Од друга страна, градежниот сектор има голема потреба од работниците кои доаѓаат од Балканот.

Феликс Паклеп од Централниот сојуз на германското градежништво вели дека без работниците од Западен Балкан може да настане голем проблем во овој сектор.

Имено, работниците од Западен Балкан немаат формално квалификации, но често имаат долгогодишно искуство, а тоа е секогашш ценето кај германските работодавци, наведува ЗДФ.

Портпаролот за внатрешнополитички прашања на ЦДУ/ЦСУ, Матијас Миделберг, истакнува дека се зголемила невработеноста во Германија и дека не смее да дојде до “паушално” продолжување на “балканското правило”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.