Германија “врие“, пристигнале 360.000 мигранти

Германија соопшти дека годинава драстично е зголемен бројот на имигранти и досега изнесува 360.000 лица.

– Поради огромниот бран на новопристигнати мигранти потребно е повеќе време за поднесување на молби за азил. До крајот на јули беа поднесени 218.221 молби, што е зголемување за приближно 125 проценти, се наведува во соопштението на германското Министерство за внатрешни работи.

Германија е најпосакувана европска дестинација за бегалците со 43 проценти од вкупно 400.000 поднесени молби за азил во Европа до крајот на јуни.

Околу 45.000 се сместени во привремени домови додека чекаат дали ќе им биде одобрен азил, а за 100.000 до 150.000 луѓе недостига сместување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.