Германија воведува полициски час

Поради загрижувачкото зголемување на инфекциите со кopoнавиpycoт во последните неколку денови од денеска во Берлин е забрането работењето на баровите и рестораните од 23 до 6 часот наутро.

И локалните власти на Франкфурт презедоа слична мерка, што стапи во сила уште вчеравечер: меѓу 22 и 06:00 часот се затвораат баровите и рестораните и се забранува продажба на алкoxoл.

Во Берлин, воведениот полициски час се однесува на сите локали, освен аптеките и бензинските пумпи, а ќе важи најмалку до 31 октомври.

Забранета е, исто така, и продажба на алкoxoл на бензински пумпи или во продавници за храна во периодот по 23 часот.

-Не е време за забава, изјави социјалдемократскиот градоначалник на главниот град, Мајкл Милер. „И можеме и ќе спречиме уште едно затворање во домовите“, што би било построго од претходното, предупреди тој во специјалната порака до граѓаните на возраст од 20 до 40 години.

Левичарската влада на градот, исто така, одлучи сериозно да ги ограничи и социјалните контакти, па така од денеска, меѓу 23 и 06 часот наутро, на отворено не можат да се собираат повеќе од пет лица, додека во текот на денот може да се соберат до 50 лица. Во текот на денот, во затворен простор ќе може да се соберат до максимум 10 лица, место досегашните 25.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.