Герила акција на инцијативата “ПрилепНаТочак” со која сакаат да ги свестат несовесните возачи кои паркираат каде ќе стигнат низ градот.
Често одговорот е дека улиците во нашиот град се тесни и нема доволно место за велосипедски ленти и тротоари.
Но, секојдневно сме сведоци дека има паркирани автомобили на сред коловозни ленти, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“. Пред кафичи само да пијат кафе, пред трафики само да купат цигари,пред обложувалници само да уплатат ливче, пред банкомати само да извадат пари…
Како тоа градот секогаш има место за цели резервирани ленти кои се блокирани од паркирани коли, а нема место за велосипедски ленти на кои ќе се одвива велосипедски сообраќај?
“Зелен сообраќај. Ведар сообраќај. Луѓе со насмевки, луѓе што размислуваат за помал метеж, поевтин транспорт, почист град, подобро здравје…
Наместо МРТВИ СООБРАЌАЈНИ ЛЕНТИ за паркирање ни требаат ВЕЛОСИПЕДСКИ ЛЕНТИ на кои ќе се одвива ЖИВ велосипедски сообраќај!
Место има насекаде низ градот. Треба само поинаков поглед и треба делување не во иднина, треба сега, треба денес – пишуваат од иницијативата на “ФЕЈСБУК”