Останува неизвесно дали Бугарија конечно ќе добие стабилна влада. Резултатите од излезните анкети покажуваат дека победник е ГЕРБ на Бојко Борисов со 26,3% од гласовите, објавија тамошните медиуми.
Втора е ПП-ДП на Кирил Петков која освои 14,9%.
Следат Вздржание (Преродба) со 13,3 отсто, ДПС – 11,6, АПС со 7,7%, БСП – 7,6%, Има таков народ освои 7 %, Величие 3,9 %, итн.
Или преточено во број на пратеници, ГЕРБ 72, ПП-ДБ – 40, Взџдржание – 36 пратеници, ДПС – 31, АПС – 21, БСП – 21, и Има таков народ 19 пратеници.
Според пишувањата на медиумите во Бугарија овие резултатите не гарантираат ниту дали воопшто некоја коалиција ќе формира Влада.
Бугарија денеска по седми пат во последните четири години се обидува да добие стабилна политичка Влада.