Гентерм ќе ја проширува фабриката во Прилеп

Гентерм Македонија соопшти дека донесе одлука за проширување на постоечкиот капацитет во Прилеп во пролет 2017 година.

 

genterm-640x427

Новото проширување на фабриката ќе го зголеми постоечкиот капацитет за 12.000 м2. Тоа ќе придонесе компанијата да го достигне полниот капацитет од вкупно 22.000 м2. Наместо иницијалниот план за изградба на полниот капацитет на фабриката до крај на 2018 година, компанијата одлучи да го заврши целиот проект до крај на 2017, почеток на 2018 година, се вели во соопштението од Гентерм Македонија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.