Во Технолошко индустриската развојна зона во Прилеп 1 денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката на американската компанија од автомобилската индустрија „Гентерм“, инвестиција од 20 милиони евра, со планирани 2.000 директни вработувања.
„Гентерм“ во капацитетот во Прилеп ќе произведува термални системи за автомобили и други уреди, наменети за извоз на европскиот пазар, според најавите, пред се, за големите автомобилски гиганти како „Ферари”, „Порше”, „Бентли”, „Рено”, „БМВ”.
Менаџментот на компанијата најави дека во прилепската фабрика ќе донесе врвна технологија за производство на делови за регулирање на температура во автомобилите.
Дел од ангажараните вработени веќе поминаа обука во капацитетите на „Гентерм“ во Украина