ГЕНТЕРМ ВРАБОТУВА: Просечна плата на оператор 15.000 денари, прекувремена и празнична дневница, 13-та плата, бонуси – АПЛИЦИРАЈТЕ!

Фабриката на американскиот гигант од автомобилскиот сектор “Гентерм”, сместена во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп, има потреба од нови работници.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат секој петок во Агенцијата за вработување (трудот) од 09:00 часот.

Од компанијата нудат: просечна плата на оператор 15.000 денари, бесплатен оброк, бесплатен превоз, редовна исплата на плата, бонуси за ефикасност и квалитет, исплата на минат труд – стаж (0,5% за секоја година работен стаж), прекувремена работа (дневница +50%), празнична работа (дневница +150%), ноќна смена (дневница повисока за 35%), додаток за работа во смени 5%, тринаесетта плата, К-15.

АПЛИЦИРАЈТЕ!

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.