Двајца мажи пронајдоа начин како секогаш да добиваат во казино, но не баш на легален начин.
Ал Баглан и Хасан Гилџил се обложуваа на електронски рулет само по два пати и потоа го напуштија казиното во Лондон со 14.000 фунти добивка.
За нивна несреќа казиното е опремено со камери, а една од нив открила што тие прават. Прво Хасан ставил 38 фунти облог на бројот 3 и освоил 1.368 фунти а потоа неговиот партнер се обложил со дури 650 фунти и освоил 23.000 фунти.
Потоа целата работа ја повториле, Хасан ставил 382,5 фунти на бројот 29, и секако освоил 23.000 фунти а неговиот партнер истовремено ставил 40 и освоил 1.440 фунти.
Потоа станале и ладно го напуштиле казиното.
Техничарите кои ги прегледувале снимките најпрво ништо не забележале, но по вториот обид сфатиле за што се работи.
Момчињата го кревале стаклото на рулетот и го ставале топчето каде што им одговара. Неверојатно но вистинито.
Тие знаеле каде се наоѓа камерата па еден од нив стоеќи го криел својот партнер.
На полицијата не и требало многу време за да ги пронајде и уапси.
МАРКУКУЛЕ.МК