Генералот Александар Шевченко се обиде пред претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на сила да го обие заклучениот „УАЗ-Патриот“, и успеа да ја откорне рачката од вратата
Генералот не знаеше дека за да се отвори вратата на УАЗ-Патриот потребно е претходно моторот да работи, бидејќи во спротивно вратите автоматски се блокираат.
Смешната ситуација се случила кога претседателот Владимир Путин во Сочи ја разгледувал новата техника на вооружените сили на Русија. Генералот Александар Шевченко побрза да ја отвори вратата на автомобилот но ја откорна кваката.
Секоја чест! – искоментира Путин со насмевка