Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адхан Габерејесус изјави дека се надева оти администрацијата на американскиот претседател Доналд Tpaмп ќе размисли за суспензија за финансирањето на СЗО, но и дека неговиот главен фокус останува пандемиjaта и спасувањето животи.
Има загрижувачки трендови на пораст на раната епидемиja во делови на Африка и централна и јужна Америка, рече Тедрос, пренесува Ројтерс.
“Во поголемиот број на држави виpycoт е во рана фаза на епидемиja, а оние кои порано беа погодени почнуваат постепено да ја ставаат ситуацијата под контрола”, изјави тој на конференцијата за новинари во Женева.
“Немој да направите грешка, пред нас е долг пат. Овој виpyc ќе биде со нас долго време”, рече генералниот директор на СЗО и додаде дека епидемиjaта во Европа почнува да се стабилизира.