Генералка во Крушево, тоа мора да е најчистото градче (ФОТО)

Се чисти секој дел од Крушево, и тоа секојдневно. Новоизбраниот градоначалник Нико Чонески има цел градот да биде уреден, чист и среден, а во таа мисија ги повикува да помогнат сите граѓани.

-Нашиот град има единствена убавина. За да ја зачуваме таа убавина, започнуваме со секојдневна акција – секој ден, секоја улица, секој дел од Крушево и населените места да биде чисто и уредено. Но оваа мисија успева само ако сме заедно. Ги повикуваме сите граѓани: Мапирајте и пријавете ја секоја дива депонија до ЈП „Комуна“. Вашата пријава значи побрза реакција и почисто маало, улица, град. Да покажеме дека Крушево не е само највисоко, туку и најодговорно гратче на Балканот. Нашиот град заслужува – напиша Чонески на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.