„Генералка викенд“ – над 20.000 волонтери ќе ја чистат Македонија – Во Прилеп ќе се чисти кај Вештачкото езеро

По петти пат викендов ќе се одржи најголемата годишна национална акција за собирање отпад – „Генералка викенд“.

Волонтерската акција ќе се одржи на 9, 10 и 11 мај, а на неа ќе учестуваат над 20.000 волонтери кои ќе ја чистат државата на повеќе од 500 локации во сите општини низ земјата. Во акцијата вклучени се над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, градинки, училишта, факултети итн.

Во акцијата и оваа година е вклучена и општина Прилеп, каде ќе се чисти на 9. мај (петок) со почеток од 09:30ч. кај Вештачкото езеро.

Од општината ги повикуваат сите кои се во можност да се вклучат во акцијата, се со цел да дадеме личен придонес за почиста природа и поздрава животна средина.

Да се извалкаме за Прилеп да биде почист!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.