Генерален штpajк во образованието на 11 ноември

На 11 ноември професорите и наставниците ќе стапат во генерален штрајк. Тие не го прифаќаат предложеното зголемување на 10 проценти за платите во образованието. Оваа одлука е донесена на денешната седница на Советот на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

СОНК нема да организира протести или марширања, туку едноставно нема да се одржува настава.

Неделков нивните барања да се исполнат пред техничката влада, бидејќи договорот бил покачувањето да биде внесено во буџетот за 2020 година.

-Премногу сме коректни и скромни, овие наши барања не се од вчера или денеска, овие барања се од поодамна. Овој период е изненадување, не очекувавме брзи и предвремени избори. Одамна работиме за ова, имавме одлучни релации со МОН, ова не е предизборна уцена, рече Неделков.

Претседателот на СОНК рече дека очекува да се штрајкува во секое училиште, иако не е сигурен колкав број на просветни работници ќе го поддржат штрајкот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.