Пишува за СВЕСТ.мк – Крсте Јовановски – Пратеник
ГОЛЕМИОТ БРАТ НА Г-динот Жонглер
Кој е всушност големиот брат на Жонглер? На кој голем брат мислеше растроениот г-дин Жонглер:на оној оригиналниот од големото дело на Џ.Орвел “1984”или на оној голем брат што се појавуваше во шунд-реалното турбо-фолкерско шоу во кое партиципираше Боки тредиЧи со тврдо Ч пред извесен период на ТВ.
Оваа дилема веднаш се расветлува ако се следи контекстот на изречените:Референцата е јасна и излегува на површина како пинг-понг топче потопено во вода. Еднонасочната димензија на “новоговорот” на Е бирократите недвосмислено укажува на шунд културата од која е произлезен прво-осомничениот за случајот РЕКЕТ.
Господинот Жонглер во неговото хистерично обраќање до Македонската јавност заборави на големиот брат од грандиозното дело на Орвел и на тој начин себе си се стави под сомнеж а богами и под сомнеж на интелектуалниот дел од Македонската јавност, кој во ова болно расипано и неконтролирано обраќање на Е.Жонглер ја препозна неговата некултура и злоба т.е. она што Фројд би го нарекол продор на потиснатите контексти во говорната реалност.
Жонглер всушност сакајќи да ја прикрие неговата тајна реферираше токму на неа. И сега што? Ние го гледаме со спуштени гаќи сред ријалити шоу. Жонглер одамна го чешаше газот едно, две појави се на ТВ те ова не така те она треба онака итн. и ова последнава зелена РЕКЕТ бил Ријалити шоу.
Некои пред мене го потсетија дека шоуто е создадено уште кога го создадоа СЈО само што тој не одгледувал и не го видел. Тој изгледа не разбира дека и тој самиот е дел од шоуто заедно со своите другарчиња:само што тие не се во собата па не можеме да видиме што нив им се случува под јорганот.
Целата колумна прочитајте ја ТУКА