Гафови во минатата година: Еве какви изјави имаа светските лидери во 2019 година

2019 година беше бурна, а ја одбележаа и неколку изјави на светските лидери. Многу од нив докажаа дека имаат и смисла за хумор и успеаа да го насмеат светот.

Доналд Tpaмп:

-Би можел да бидам најпопуларната личност во Европа. Можам да се кандидирам на која било функција, но не сакам.

– Имав состанок во Пентагон со многу генерали. Беа како од филм, подобро изгледаат од Том Круз и посилни се. Сум имал повеќе генерали отколку што имам видено до сега.

– Имав лесен живот. Кој би знаел дека ова ќе биде вака тешко, но јас го сакам тоа.- Пишувам книга. Мислам дека ги напишав 12 до сега и тоа многу добро.

Владимир Путин:

– Не, не сум вонземјанин. Имам докази за тоа. Имам многу роднини кои можат да го потврдат тоа, но моите ќерки би можеле да бидат сведоци.

– Секако дека се чувствувам засрамен, како и секој друг човек. Се срамам, на пример, што ја изгубив пораката на една старица која молеше за помош.

Ангела Меркел:

– Разбирам зошто Путин го прави тоа- да докаже дека е вистински маж. Тој се плаши од своите слабости. Русија нема ништо, нема успешна политика и економија. Се што има е тоа.

Емануел Макрон:

– Она што во моментов го гледаме е мозочна cmpт на НАТО.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.