Гарванлиев: “Не се извинувам за тоа што сум јас” (Видео)

Македонскиот претставник на „Евровизија“ Васил Гарванлиев преку видео се обрати до македонската јавност за да објасни зошто поседува бугарски пасош, но и зошто го промени видеоспотот по многуте реакции.

Ако некој е повреден од тоа што го направив ненамерно, јас се извинувам од сè срце, вели Гарванлиев, додавајќи дека не се извинува за тоа што е тој.

Во видеото вели дека чест е да биде преставник на Македонија на Евровизија и им се заблагодарува на интернационалните фанови за поддршката.

-Еве ме пред вас стојам без глума, со моето срце во ваши раце, рече тој.

Oд друга страна, започната е “онлајн” петиција, каде се собрани неколку илјадници потписи, со која се бара промена на македонскиот претставник на музичкиот фестивал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.