На втората вечер од 17-тото издание на Пиво фестивалот кое ќе трае до недела, настапи главната музичка ѕвезда за оваа година, Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Во зградата на општината ја пречекаа и новинарите, на која српската звезда со задоволство им одговараше на прашањата. Гостите на Пиво фест синоќа ги забавуваа и Миле Кузмановски, Ален Хасановиќ, Уска Кан и Демир Кантуровски.
Цеца потоа имаше одличен настап на фестивалската сцена, а со неа пееше целата публика.