Денес слави Прилеп, слави фудбалски Прилеп, Победа се враќа во елитата, во Прва лига, таму каде што припаѓа!
Денешниот натпревар против Љубанци во Прилеп беше печат за пласманот и за крунисување на долгата победничка низа на победашите.
На две кола пред крајот на шампионатот, Победа е сигурен патник во Прва лига, на врвот на табелата.
Фудбалерите на Победа го контролираа целиот натпревар од почетокот до последната 90-та минута.
Рано во 11-тата минута, Победа дојде во водство од 1:0 со голот на Денис Дунимаглоски, резултат кој остана до крајот на натпреварот. Љубанци се закани на неколку наврати, но беа тоа само благи обиди да се загрози голот на Победа. За одбележување е и еден поништен гол за Победа, поради офсајд.
[Best_Wordpress_Gallery id=”229″ gal_title=”ПобедавоПрваЛига”]
На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп натпреварот го проследија без малку 10 000 гледачи, што е доказ дека Прилеп е желен и гладен за фудбал и дека го заслужува приматот нај фудбалски град во Македонија.
Најгласни и бројни како во старите времиња беа МАЈМУНИТЕ, кои со жестока поддршка од почетокот до крајот ја бодреја својата Победа. Со многу жар и енергија навиваја за своите омилени црвено-бели бои.
На крајот од натпреварот не ги напуштаја трибините и сеуште грмеја во цел глас.
А.Г.