ГАЛЕРИЈА – Празничниот дух го обедини Прилеп на едно место: По 11-ти пат прилепчани се поклонија на својот заштитник Св. Никола

По 11-ти пат прилепчани се поклонија на големиот светец, кој пред 11 години беше прогласен за заштитник на градот под Марковите Кули.

13

Големиот христијански празник Св. Никола, што е најчеста семејна слава помеѓу православните христијани, и оваа година се прославува во центарот на градот.

12

Стотици прилепчани се собраа во центарот на градот палеа свеќи и се помолија пред параклисот на светецот.

15629027_10207858557638165_512708216_o

Оваа година домаќин е компанијата “Васидора”. Вредните раце на прилепските домаќинки приготвија 65.000 мали, вкусни сармички, а за трпезата во центарот на градот беа употребени  1.200 кг. зелка, 200 кг. грав, 80 кг. ориз, 40 кг. црвена пипер, 300 литри масло за готвење. 350 кг. риби, 100 кг. маслински, 100 кг. овошје, 2.000 литри бело и црвено вино како и 100 литри ракија.

[Best_Wordpress_Gallery id=”417″ gal_title=”SvNikola”]

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.