Околу 2.000 нови вработувања најави американската компанија „Гентерм“ која денеска свечено беше пуштена во употреба во присуство на дипломатскиот кор, министри од Владата на РМ, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо градоначалникот Марјан Ристески, техничкиот Премиер Емил Димитриев како и пред вработените во Гентерм.
Како што соопштија денеска директорот на компанијата Јорк Еверс, во фабриката ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како бентли, рено, бмв, порше, фиат…
„Достапноста на едуцираната работна сила и одличните инвестициски можности беа причините поради кои ја одбравме Македонија. Во игра беа вкупно пет земји од Југоисточна Европа, но по деталните анализи констатиравме дека Македонија е најдобриот избор“, нагласи Еверс.
[Best_Wordpress_Gallery id=”323″ gal_title=”ГентермОтварање”]
Според него, за Гентерм вложувањето во земјава е голем чекор што ќе им овозможи проширување на бизнисот во Европа. Според градоначалникот Марјан Ристески, инвестицијата е значајна за подобрување на економијата во Прилеп и за намалување на невработеноста.
Гентерм е глобална, брзорастечка компанија која произведува електроуреди за регулирање на термална енергија во автомобилите. Брои вкупно 9.000 вработени во капацитетите во САД и Украина, а годишно од продажбата реализира 800 милиони долари. Фабриката што се отвори претставува современа фабрика за автомобилска индустрија со најмодерна технологија.