ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ од Прилеп оддржа годишен концерт на наградените ученици на меѓународните и државните натпревари, кои на присутните им се претставија со дела од различни музички правци.
Пред почетокот на концертот, на присутните им се обрати градоначалникот Марјан Ристески кој им честита за постигнатите успеси на учениците и менторите.
[Best_Wordpress_Gallery id=”256″ gal_title=”ГодишенКонцертМузичко”]
Во својот говор градоначалникот ја потврди финансиска поддршката на Локалната Самоуправа за успешно реализираните три капитални проекти „Реконсртукција и обнова на фасада“, „Промена на надворешна столарија“ и „Изведба на систем за централно греење со котел на пелети“ и ги посочи планирани проекти „Изведба на челични скали„ и опремување и набавка на нови инструменти, за подобрување на условите во училиштето и подобра реализација на наставниот процес.
Овогодинешниот концерт беше во склоп на манифестацијата „Денови на Крали Марко“.