Започна реконструкцијата на мостот на градската река на улицата “Трајко Николоски” во населбата “Сточен пазар”.
За реконструкција на овој мост општина Прилеп ќе потроши високи 500.000 евра, а по него ќе треба да се движат и четирите нови автобуси, кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање ги купи за околу 1 милион евра.
И за едниот и за другиот проект постојат обвинувања од опозицијата дека постои сомнеж за злоупотреба на буџетот од општината.
За мостот на градска река од ВМРО-ДПМНЕ неодамна истакнаа дека Советот на општината изгласал 8 милиони денари, а тендерот за реконструкција на мостот е вреден 30 милиони.
Додека пак за автобусите од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп прашаа како е можно секој од нив да вреди по 250.000 евра, а исти такви автобуси во Данска се за 100.000 евра поевтини.