(Галерија) Колманскоп – намибискиот “град на дyxoви” кој го проголтала пустината: Крие огромно богатство

Запознајте го афричкиот град, кој за само 40 години премина од пронаоѓалиште на дијаманти, до напуштен град проголтан од пустината.

Како настана Колманскоп?

Работник на железничката станица Захариас Левала во 1908 година на местото на денешен Колманскоп пронашол дијаманти во близина на пругата.

Своето откритие му го покажал на својот шев Август Штаух, кој го тестирал каменот и потврдил дека навистина станува збор за дијамант.

Веста брзо се раширила во овој регион и за неколку години стотици Германци се упатиле во Африка во потрага по богатство.

Колманскоп се ширел и наскоро започнал да личи на вистински германски град. Имало болница, сала за танцување, училишта, театар, спортска сала, електрична централа, куглана и фабрика за мраз.

Еден турист изјавил: “Можеби токму изолацијата и опкруженоста со пустина влијаеле врз тоа Колманскоп да стане мал рај на германската култура, кој нуди забава и рекреација која одговара на барањата на богатите колонисти”, пренесува Дејли Меил.

Репутацијата на овој град дополнително се подобрила, бидејќи во Колманскоп се наоѓала првата рендген станица на јужната хемисфера на планетата, како и место во Африка каде поминал првиот трамвај.

Меѓутоа, цената на дијамантите започнала да опаѓа по Првата светска вojна, а ситуацијата дополнително се влошила откако во јужните делови на Африка биле пронајдени подобри дијаманти. Сето ова влијаело во 1954 година градот да биде целосно напуштен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.