[Best_Wordpress_Gallery id=”172″ gal_title=”Карневал”]
По 15ти јубилеен пат, започна карневалот “Прочка 2016”. Оваа година новитет е детскиот карневал, кој се одржа денеска на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” Продефилираа маски на 300 ученици од основините училишта од градот и населените места. Карневалското шоу продолжува утре, кога низ прилепскиот плоштад ќе поминат 1 500 учесници, од државата, од Балканот, а ќе има учесници и од Италија.
Денешниот детски карневал понуди многу групни и фантастично изработени маски, меѓу кои и грашковци, македонски навивачи, каменковци, возот на среќата, Алиса во земјата на театарот, и многу други.
Денешната еуфорија и атмосфера ветува многу, а очигледна е и се подобрата организација на карневалот од страна на општинските власти на градот.