ГАЛЕРИЈА: “Дојде неживот и на “Могила”, ова е веќе брука?!”

Уништени тревници, коњи кои пасат и уништена урбана опрема, вака некако изгледа најголемиот и некогаш најубавиот парк во Прилеп, “Паркот на револуцијата” или “Могила на непобедените”.

Често прилепчани наидуваат и на голем број отпадоци, а веќе некое време, според она што ни го пренесуваат нашите читатели, голем број од светилките се искршени.

Жално и бедно е што рајската градина на прилепчани, на која сите се гордееа да го губи својот сјај, што од негрижа на самите граѓани, што од негрижа и на надлежните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.