На речиси половина од мандатот се потсетуваме на најголемите ветувања на актуелниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кои за жал сеуште не се отпочнати со реализација… Во предизборието за локалните избори во 2016 година се ветуваше се’ и сешто, а како најголеми ветувања ќе бидат запомнети оние за 20% пониски сметки за вода, иако сега прилепчани плаќаат за 60% повисоки сметки.
Потоа ветувањето за изградба на едно ново училиште и две детски градинки;
Па ветувањето за чист воздух, иако зимата во Прилеп имаше денови кога воздухот беше со над 500,600… микрограми ПМ 10 честички.
Во однос на инфраструктурните проекти се ветуваше и изградба на две обиколници околу Прилеп;
Се ветуваше реконструкција на старскиот дом, како и на Старата чаршија;
Се ветуваше и асфалтирање на улици и канализација во сите населени места, како и реконструкција на сите главни улици во Прилеп;
Прилеп сеуште го чека и отпочнувањето на градба на нов театар;
Сеуште ја нема ниту најавената гасификација;
Се ветуваа и проекти за младите;
Се ветуваше и изградба на две нови спортски сали, изградба на затворен базен, спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, енергетско ефикасни објекти…
Ова е само мал дел од ветувањата на Јованоски пред изборите, па логично се поставува прашањето дали ова е “fake news” градоначалник?