После викендашкиот одмор, околу 100 поддржувачи на СДСМ – Прилеп, го продолжија вандалското одработување преку насилните протести и уништувањето на општинската зграда во градот под Марковите Кули.
Вчера, дури и засилени од страна на секретарот на СДСМ и екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на кого ни малку и претходно, а и сега не му смета ваквото дејствување и уништување на општествениот имот.
Срамота е за еден човек, кој за жал беше прв човек на безбедноста во државата и ја раководеше полицијата, да дозволува неговите довчерашни колеги од министерството за внатрешни работи, да бидат на удар и секојдневно со валкани униформи, понижени да се враќаат од работа.
[Best_Wordpress_Gallery id=”263″ gal_title=”КомуњариНасилници”]
Ваков игнорантски однос на мислењето на граѓаните и непочитување на нивните желби, интереси и потреби, до сега во Прилеп не е видено. Дури и осудите од страна на сопствените членови, не значат ништо за стотината припадници на така наречената Шарена револуција, која продолжува да одработува за земените дебели хонорари, со нарушување на слободното движење на граѓаните, нарушување на јавниот ред и мир и уништување на она што не го создале.
Граѓаните на Прилеп, кои умеат да проценат и да стават на вага се што е позитивно и негативно, не стивнуваат во своите рекации. Најмногу поради тоа што, општината е принудена да троши значителни средства за чистење на фасадата, а веќе наредниот ден истата одново да биде обоена.
Згрозени се и спортистите и средношколците, кои во изминатите денови беа на свечени приеми во таа зграда, за реализираните успеси во изминатиот период.
Со повлекувањето на аболицијата и одложувањето на парламентарните избори, ваквите девијантни активности веќе немаат смисла, но очигледно е дека се работи за нешто друго, односно откривање на скриеното лице на СДСМ и на ваков начин барање излез од безидејноста и немањето што да им понудат на граѓаните на Прилеп.