Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го стресе Скопје во 15.07 часот. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот бил со епицентар на пет километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од десет километри.
Според сведочењата на граѓаните на Скопје овој земјотрес повеќе ги вознемирил жителите на главниот град, при што ги напуштиле своите домови, а воедно коментираат дека имаат и штети во своите домови. Земјотресот оштети неколку згради, има испукани фасади, паднати камења…