Вyчиќ: Cтaнав погoлема sвeзда од Лебpoн Џejмc

Претседателот на Србија Александар Вучиќ е во дводневна посета на Турција, а при гостување на емисија на телевизија Пинк од Истанбул зборуваше на повеќе теми меѓу кои и нападите од хрватските медиуми кон него.

-Станав поголема ѕвезда од Леброн Џејмс. И јас сум виновен што му дадов такво име на Вукан.

Како не се сетија на името на Данило (другиот негов син н.з), можеби сум го крстил така за да влијаам на хрватскиот престол.

И нападот го објавија во најсериозниот весник, внимавајте.

Дека на Вукан сум му дал такво име бидејќи тој е првиот син на Стефан Немања, затоа сум сакал да создадам Голема Србија, рече тој и додаде дека Србите се разликуваат од Хрватите по тоа што не сакаат да одредуваат какви имиња некој ќе даде на своите деца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.