На стартот на Новата година, од музичката група “Blue Band”, го објавија спотот за својата нова песна која е насловена “Лажи ме”.
Песната е снимана според оригиналниот текст и музика на Антонио Стојановски и Марио Јелиќ, или популарните “2 бона”. Видео спотот е сниман и едитиран од Крсте Шупев, а крајниот резултат секако ќе го погледнете во продолжение.
Во самиот спот, се појавува и моделот Тања Јанушева, под шминка на Ивана Мишевска.
Инаку музичката група “Blue Band” ја сочинуваат: Димитар Симонов (вокал), Бојан Амповски (клавиатури), Зоки Грбиќ (бас клавиатури), Дарко Трајкоски (тапани), Благоја Глигоровски ( гитара).