Борче Ацески од Мало Коњари прилепско, е вљубен во Голф двојка и прави вистински чуда од овие издржливи машини.
Низ неговите раце поминале триесет и една “двојка”, две “Голф тројки” и една “четворка”
Moментално неговиот двор го красат 4 убавци, на кои има посветено еден куп трпение, љубов и внимание.
Неговта пасија кон овој автомобил започнува уште од детски години и сигурно ќе трае уште долги години.
Желбата да се создаде нешто вредно и за душа кај Борче е голема, а секој ден за него значи нова идеја, нова визија.
Борче е особено горд на својот црн миленик, вистинска појава што одзема здив. Со него има освоено и награда на “VW Club Fest” во 2015 година во Бугарија.
Набрзо неговиот возен парк ќе се зголеми со уште два нови членови, на кои Ацески деновиве им дава душа.
Ни ќе кажеме само секоја чест и остануваме восхитени и нетрпеливи до следната галерија.